Политиката за приватност
Правно лице кое е овластено и кое стои зад Visiting.mk и зад оваа политика на приватност е компанијата ВИЗИТИНГ ИНФО.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Visiting.mk нема да ги продава доставените информации од Ваша страна, или било кој дел од информациите, на трета страна.
Visiting.mk не ги продава, ниту ги изнајмува своите листи на клиенти на трети лица. Visiting.mk може да Ве контактира во име на други деловни партнери во врска со релевантни понуди кои можат да бидат од ваш интерес. Во овие случаи, вашите лични информации (е-пошта, име, адреса, телефонски број) не е, и нема да биде доверена на трети лица.
Формуларот за праќање пораки на нашиот сајт при контактирање бара од корисниците да ни дадат информации за контакт (како име, презиме, телефон за контакт, емаил). Овие информации Visiting.mk ги користи при контакт преку пошта (праќање на фактури и други документи, верификација на корисник).
Oвој сајт содржи линкови до други сајтови. Visiting.mk не е одговорен за приватноста, начинот на работа или содржината на овие веб-сајтови.
Податоците кои се прибираат преку Visiting.mk се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници.
Во случај на криминална истрага, Visiting.mk ќе се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб страната ќе бидат достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.
Користење на колачиња (Cookies)
Visiting.mk користи “колачиња” заради персонализирање на Вашето пребарување по интернетот. Колаче е текстуален фајл кој преку сервер се пренесува на Вашиот хард диск и е складиран во Вашиот веб прелистувач. Колачињата не може да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер. Колачињата се уникатно доделени и може да се читаат само од доменот на веб серверот што претходно Ви ги има издадено.
Една од основните цели на колачињата е да го направи вашето интернет пребарување полесно и поефикасно. Колачето му укажува на веб серверот дека сте се вратиле на одредена страница и ги чува вашите лични информации, така да не мора да ги внесувате податоците секој пат кога ќе посетите нова веб страна на Visiting.mk.
Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но постои можност со промена на подесувањата во вашиот прелистувач да отфрлите некое или сите колачиња.
Други податоци
Заради споредбени анализи, Visiting.mk го користи Google Analytics. Преку него постои пристап до следните податоци за посетителите IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од Google Analytics. Овие податоци не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи.
Доколку имате било какво прашање околу политиката на приватност, начинот на работа на веб сајтот или искуство со истиот, контактирајте не на [email protected].